Вембли ќе биде домаќин на голем боксерски настан оваа сабота, на чие чело е британскиот судир во кој Даниел Дубоа ќе ја брани титулата во тешка категорија на ИБФ против Ентони Џошуа.
И двајцата боксери во борбaтa влегуваат со серија големи победи. Шампионот ги победи Џарел Милер и Филип Хрговиќ, додека Еј Џеј има четири победи во низа против Џермејн Френклин, Роберт Хелениус, Ото Валин и Френсис Нгану.
Многу стручњаци истакнуваат дека Еј Џеј е фаворит против Дубоа, а на ист начин размислува и легендарниот украински боксер Витали Кличко.
„Понекогаш чекор назад значи дека можете да направите два или три чекори напред. Се надевам дека Џошуа го научи тоа и ќе биде мотивиран да се бори. Ги држам стискам прстите за Џошуа да победи. Тој е добар човек и има добро срце. Тој е голем спортист со одлични вештини“, рече Витали Кличко и додаде:
„Физичката подготовка за мечот е најважна, а потоа треба да ја изберете вистинската тактика и да се подготвите за психолошката игра. Џошуа беше посилен во борбата против Владимир. Мислам дека на тој меч Владимир направи неколку грешки, но добро се подготви. За мене таа борба беше многу важна. Секогаш ми беше поудобно во рингот отколку околу него“.
Последниот меч во кариерата Владимир Кличко го имаше во април 2017 година, кога загуби со технички нокаут во 11. рунда од Ентони Џошуа.