Џон Џонс: Се повлекувам од ММА по УФЦ 309

Џон Џонс е категоричен дека кариерата ќе ја заврши во ноември.

Живата легенда на УФЦ се подготвува за првата одбрана на титулата во тешка категорија. „Коски“ ќе се соочи со Стипе Миочиќ на УФЦ 309 што ќе се одржи во Медисон сквер гарден, Њујорк. Во последните месеци Џонс постојано пишуваше дека ова ќе биде неговата последна борба.

Дана Вајт неодамна изјави дека сигурно Џон нема да престане со ММА. Шефот на УФЦ верува дека Џонс повеќе би сакал да се соочи со Том Аспинал отколку да ја заврши кариерата. Џон има други планови и уште еднаш напиша дека ова ќе биде неговата последна борба:

„Повеќе од веројатно ќе биде последен пат“, рече Џонс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО