Се појави видео во 2008 година како реклама за мобилниот телефон Nokia N96 Limited Edition. Вкупно собраа на повеќе ЈуТјуб адреси од 30 милиони прегеледи. Се разбира, тоа беше видео монтажа, но за вакви работи секогаш се прашува човечката имагинација – дали е нешто такво навистина можно?
Употребата на нунчаки беше популаризирана од страна на Брус Ли во само неколку од неговите филмови, а еден од нив е и „Игра на смртта“ кој се појави во 1978 година, по смртта на легендарниот актер. Идејата за реклама во која Ли игра пинг-понг со нунчаки дојде од еден човек по име Поли Чу. Се работеше за креативниот директор на рекламната компанија „Ј. Волтер Томпсон“, однонсо на нејзината канцеларија во Пекинг. Кога дознал дека со пласирањето на видеа на ЈуТјуб и на други видео канали на глобално ниво ќе чини милиони долари, Чу сфатил дека мора да направи нешто сензационално. За видеот со Брус Ли да стане „вирусно“ – доволно интригантно и популарно за масовно да се шири. И успеа во тоа…