Тренерот на Кличко: Влад ќе го растури Фјури во реваншот

vladimir-klitschko-profil

Главниот тренер на Владимир Кличко – Џонатан Бенкс изјави дека неговиот боксер ќе го уништи новиот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури, кога ќе се сретнат вореванш мечот наредната година.

Британскиот борец го направи најголемото изнадување во 2015 година, откако му ги одзеде четирите светски титули на Украинецот по 12 рунди борба на 28 ноември.

Ова беше прв пораз за помладиот од браќата Кличко во последните 10 години. Секако тој веднаш ја искористи клаузулата за реванш, кој допрва треба да биде организиран.

Средбата ќе биде само за три од титулите, бидејќи оваа на Меѓународната боксерска федерација му беше одземена од Фјури, затоа што одби да се сретне со задолжителниот предизвикувач Вјачеслав Гласков. Сепак, три од појасите остануваат во игра и, според Бенкс, Кличко може да си ги поврати.

„Многу луѓе рекоа дека Тајсон Фјури беше повисок и дека затоа му создаде проблеми Владимир. Разберете – Владимир се има борено со големи момчиња во текот на целата кариера. Тој го освои својот златен олимписки медал против боксер, кој беше покрупен од него. Тоа никогаш не било проблем за него“, коментира Бенкс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО