Мај тај мечот меѓу Патрис Квартерон и Џејмс Вилсон во Париз заврши со дисквалификација откако Американцот прибегнаа на граунд енд паунд.
Борбата траеше само две минути во кои имаше малку акција.
На 38-годишниот Французин ова му беше првата борба по поразот од Даниел Сам кон крајот на минатата година.
Мечот се одржа по правилата на тајландскиот бокс, а Американецот го користеше своето ММА знаење на недозволен начин и го собори Кавртерон кој го држеше во тај клинч и почна да го удира на подот. Борбата набрзо беше прекината и Вилсон беше дисквалификуван.
Вилсон има ММА скор 3-2, а во последната борба во 2014 година беше поразен во Белатор.
https://youtu.be/84GCwNQ2AL4
.