Џарет Хард сонуваше да ги обедини сите титули во супервелтер и веќе гледаше кон средна категорија.
Но 28-годишниот Американец имаше непријатно будење во Ферфакс, Вирџинија.
Поразен е со едногласна судиска одлука од Џулијан Вилијамс (27-1-1, 16 КО) и остана без ВБА, ИБФ и ИБО појасите светски шампион.
29-годишниот Вилијамс беше аутсајдер во овој натпревар и откако Жамел Шарло во 2016 година го нокаутира во борбата за појасот на ИБФ, никој не му дадваше ппоголеми изгледи против Хард.
Но, Вилијамс го соборуваше бранителот на титулите со кратко десно кроше и со лев аперкат во втората рунда и славеше на поени 116-111, 115-112, 115-112.
Вкупно зададе 273 наспроти 249 удари на Хард.