Лавовски успех на битолскиот Паунд фор паунд на Светскиот куп на ИСФА во Софија

Вчера во Софија се одржа Светскиот куп ИСФА/ISFA на кој беа вклучени три дисциплини: граплинг, бразилско џиу џицу и ММА, а битолскиот клуб Паунд фор паунд имаше забележителен резултат, освојувајќи 16 медали – 9 златни, 3 сребрени и 4 бронзени, а Македонија е втора во вкупниот пласман, додека битолската академија е трета.

Сето ова е осватрено со 9 натпреварувачи – 5 сениори и 4 јуниори.

На натпреварот учествуваа над 140 натпреварувачи од 6 земји: Бугарија, Грција, Македонија, Русија, САД и Бразил.

Со 4 ММА борци битолчани добија тројца победници на Светскиот куп во аматерска конкуренција, а до златото стигнаа преку силни конкуренти, при што имаа и до три борби.
„Го имаме најмладиот ММА борец што некогаш дебитирал од Македонија со свои 13 години во тешка категорија. Тој е светски аматерски ММА првак, кој својата борба ја доби на завршница американа, лост на рака во екстра рунда во крајно изедначена борба со претрпен нокдаун.
Божиновски во граплинг напредни појаси е првак со 8 кг потешки противници. По се настапи во ММА advanced, каде што го чекаше одморен противник и фокусиран, без предходни борби. Во многу тешка борба со екстра рунда доминираше нашиот шампион, повторно докажувајќи ја својата класа.
Игор Додевски дебитираше во ММА со три победи и со титула. Победи со технички нокаут. Победи на поени. Македонски лав. Се надмина самиот себе, при што и во БЏЏ сини појаси -72 кг освои златен медал и бронза во апсолутна. Лавовско издание имаа Додевски Мирко, Милески Бојан, Анески и дебитантот Мицевски кој одлично се избори и со 2 победи и 1 пораз го освои второто место во БЏЏ“
, вели тренерот Сашко Мирчевски.

Сите резултати може да ги видите тука:

https://smoothcomp.com/en/event/1715/results?fbclid=IwAR0pdkx8dsRGkBZjJwNVTftAdJ5kRe7FTj_v1ulj4cOJxhjrYnc_QSFqWaY

https://smoothcomp.com/en/event/1715/results?fbclid=IwAR0pdkx8dsRGkBZjJwNVTftAdJ5kRe7FTj_v1ulj4cOJxhjrYnc_QSFqWaY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО