Викторија Варадинова за изборот на спортист на годината: Зарем јас не сум штипско дете!?

Големата македонска кик бокс надеж, Викторија Варадинова, која во 2017 година постигна завидни резултати на меѓународната и домашната сцена реагира на изборот на спортист на Општина Штип. Таа минатата година го смени клубот и од штипски Гладијатор помина во Шампион од Скопје, но и местото на школување. Варадинова прашува дали таа не го афирмира Штип!?

„Дали доколку го смениш градот за кој се натпреваруваш тогаш резултатите што ги имаш постигнато не вредат и не значат ништо? Ова година, како и сите други спортисти, постигнав многу резултати од кои позначајни се: три државни титули без пораз; сребрен медал од Светски куп во Римини-Италија. На Европското првенство за кадети и јуниори во Скопје го освоив бронзениот медал во лоу кик, а на Балканското првенство во Црна Гора освоив се закитив со сребрен медал во кик лајт. И на многу други меѓународни натпревари и купови освојував први места. Дали сите овие резултати не вредат? До кога ќе се тргаат на страна сите спортисти што го смениле клубот и градот за кој што се бореле и го претставувале најдобро што можат? Зарем јас не го претставувам Штип како и сите други спортисти? Зарем јас не сум штипско дете? Можеби и треба да се запрашаат некои зошто и како сум одлучила да го сменам градот од кој што потекнувам?“, наведува во својата реакција Варадинова по повод денешниот избор на Комисијата за спорт при Општина Штип за 2017 година.

Да потсетиме дека Комисијата има признанија за афирмацијата на Штип кое ќе го добијат и спортистите кои сега играат во други клубови-Николче Караколев, кошарка, Кристина Георгиева-Манева, одбојка, Мартин Поповски, ракомет, како и тренерите кои работат во странство Борче Илиевски и Тане Спасев,кошарка. З
Прогласувањето на најдобрите ќе се одржи на 18 јануари, во 18 часот во Мултимедијалниот центар во месноста Бриони.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО