Викторија Варадинова, по првиот бокс меч: Ги прифаќам предизвиците!

viktorija-vardainova-boks-jordan-mijalkov-2016

Викторија варадинова во кик бокс спортот е позната во нашата земја, иако има само 15 години таа веќе постигна забележителни резултати на натпреватите во Македонија и регионот. А во неделата настапи на Меморијалниот бокс турнир „Јордан Мијалков“ во Штип за екипата на БК Пинк Пантер и ја забележа првата победа, и тоа со нокаут во првата рунда против Ангела Милошевска од Куманово.

viktorija-varadinova-boks-stip

Таа е едина од малкуте девојки од во источниот дел на Македонија која се занимава со „благородната вештина“.
На сите првенства во кикс бокс е најдобра. Освојува први места во повеќе дисциплини. Не изостануваат и успешните резултати на меѓународните турнири. И таму ги покажува своите квалитети и се враќа со златни медали.

„Ги сакам сите спортови, но најмногу боречките. Ги прифаќам предизиците. Моја порака до младите и девојките е да спортуваат, ако не друго за себе. Јас тоа го правам секојдневно. За здраво тело потребен е и спортот. Овие спортски гранки кои ги тренирам можат и превентивно да делуваат кај девојките. Да се одбранат во секакви ситуации“, вели Викторија Варадинова.

viktorija-so-majka-i

 Викторија Варадинова бара девојките повеќе да се активираат во спортските друштва.
„Забележувам дека нема поголем интерес од девојките за овие спортови. А со поголема конкуренција и масовност ќе дојдат и резултатите. Ете, во кик боксот, кој е во експанзија и во Македонија, се постигнуваат успешни резултати. Сметам дека и педагозите по физичко воспитување треба да ги следат афенитетите на учениците и да им даваат препораки и совети во кои спортски друштва да членуваат. Јас имам полна поддршка од моите родители и тренерите. Ќе продолжам и натаму со кик боксот и боксот“, додава Варадинова.

viktorija-so-trenerot
Штипјанката би сакала да освои медал на некое официјално европско, или светско првенство.
„Ја чекам таа шанса во 2017 година. Верувам дека не само од светските купови, кои досега се организираа и освојував медали, во Новата година ќе бидам присутна и на европско и светско првенство во кик бокс, а кога ќе добијам рутина и имам повеќе средби,тогаш зошто не и во боксот“, истакнува Викторија.
Времето работи за Варадинова. Очекуваме во 2017 година да го продолжи континуитетот на успешни резултати.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON