Виктор Стојанов, кој по една година пауза им се враќа на ММА борбите. На 4 јуни ќе настапи на настанот Спартакус фајтинг чемпионшип (СФЦ) во Петрич, Бугарија, во организација на Комбат промоушн, а противник му е Џорџ Кечџиас од Грција.
Стојанов деновиве го потпиша договорот со Комбат промоушн за настап на СФЦ.
„Договор ќе потпишуваме за секоја борба. Така се договоривме. Подготовките течат во најдобар ред. Оваа недела ќе започнам со поинтензивни подготовки, односно појаки тренинзи, а поголем акцент ќе дадам на стенд- ап тренинзите. До крајот на подготовките ќе го усовршам овој дел од мојата тактика за голем камбек.
И, нормално, голема победа! Противникот ми е познат. И благодарам на сите за поддршката и на луќето што работат со мене за овој меч“, изјави за Ipon.mk, Стојанов.
Ipon.mk/В. Д.