АктуелноБоксПрофесионален

Викендов во Куманово се одржува Меѓународниот бокс турнир „Мирослав Петровиќ“

Утре на градскиот плоштад во Куманово се одржува петтиот Меѓународен бокс турнир „Мирослав Петровиќ“.

На турнирот ќе учествуваат над 120 боксери од Македонија, Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турција и Полска.

Утре на програмата се полуфиналните борби со почеток во 18 часот, а во недела се финалните 16 борби кои ќе почнат 19:30 часот.

За првпат турнирот добива поддршка и од Меѓународната боксерска федерација, што претставува значаен спортски настан не само за градот туку и за македонскиот бокс во целина.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON