Утре и во недела во Скопје (во населбата Бутел) ќе се одржи Државното карате првенство за кадети, јуниори и У21.
На првенството ќе настапат 262 каратисти со 289 натпреварувачки влезови од 54 клуба.
Првенството ќе се одржи во салата на ООУ „Антон Димитров“.
Државното првенство со Плејофот е за одредување на репрезентацијата за Европското првенство во Тбилиси, Грузија, од 9 до 11 февруари 2024 година.