АктуелноДруги вештиниСамбо
Викекндов се одржува Светскиот самбо куп во Ереван – Ерменија

Викекндов, 7 и 8 јуни, се одржува Светскиот куп во самбо во Ереван, Ерменија.
Самбистите се борат за наградите на претседателот на Националниот олимписки комитет на Ерменија, Гагик Царукјан
Спортистите ќе се натпреваруваат во 28 тежински категории, а вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 196.000 американски долари.
Наградите ќе бидат распределени на следниов начин:
злато — 3.000 американски долари
сребро — 2.000 американски долари
бронза (2 медалисти) — 1.000 американски долари
Од Европа на Светскиот куп ќе учествуваат Ерменија, Бугарија, Хрватска, ФИАС-1, ФИАС-2, Грузија, Израел, Македонија, Романија и Украина.



