Македонија со тројца натпреварувачи на Светскиот самбо куп во Ерменија

Македонија ќе настапи со тројца натпреварувачи на Светскиот куп во самбо во Ереван, Ерменија, што се одржува 7 и 8 јуни.
Боите на Македнија ќе ги бранат Далибор Богданов самбо комбат, Азир Пепиќ самбо спорт 90 кг и Теодор Георгиев самбо комбат супер тешка.
Конкуренцијата е жестока, така што секоја победа би била успех.
Спортистите ќе се натпреваруваат во 28 тежински категории, а вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 196.000 американски долари.
Наградите ќе бидат распределени на следниов начин:
злато — 3.000 американски долари
сребро — 2.000 американски долари
бронза (2 медалисти) — 1.000 американски долари
Од Европа на Светскиот куп ќе учествуваат Ерменија, Бугарија, Хрватска, ФИАС-1, ФИАС-2, Грузија, Израел, Македонија, Романија и Украина.



