Видеото од борење на Хабиб и неговиот татко за неколку часа го видоа повеќе од пет милиони фанови (ВИДЕО)

Ова беше мојата последна борба. Нема да се вратам во октомври без татко ми – изјави Хабиб Нурмагомедов по победата против Џастин Гејџи, со која по трет пат ја одбрани титулата шампион во лесна категорија на УФЦ.

Дагестанскиот борец беше силно врзан за неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов, кој почина во јули од ефектите на коронавирусот.

Таткото на Хабибу беше тренер, ментор и голем пријател. Тие имаа посебна врска што Хабиб често ја истакнуваше во интервјуата.

Во последениот пост на Инстаграм, дагестанскиот борец се присети на времето кога вежбал борење со татко му, а под видеото напиша: „Тоа беше најдоброто време“.

Објавата на Хабиб имаше повеќе од пет милиони прегледи и милион и пол „лајкови“ за само неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО