Синоќа КК Кеикс од Скопје со свечен коктел ја одбележа шампионската титула на Вероника Костовска-Веци во прсиство на многу гости од карате спортот, тренерот на репрезентацијата Александар Кузмановски, Гоце Петров од Агенцијата за млади си порт, бизнисмени, медиуми, роднини и пријатели.
Можеше да се видат сите борби на Вероника до златниот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, на големиот видео бим, а таа и нејзиниот тренер Елвир Куртановиќ се заблагодарија на поддржувачите на клубот и ветија нови титули. При тоа на Дејан Црничиќ му го честитаа брозениот медал од Балканското првенство за сениори во Чачак, Србија, овој викенд.
Големо изнендаување за шампионката беше подаркот од клубот „веспа“ моторче. А Црничиќ дофрли, ако освојам европска титула во сениорска конкуренција сакам „ауди 4“.
Нека му ја мислат од Кеикс за слатките проблеми.
ipon.mk/В.Д.