Вероника Рјабовлова ќе атакува на висок пласман на ЕП во борење

Прва на душекот во Букурешт на Европското првенство во борење од нашите репрезентативци ќе се појави Вероника Рјабовлова (-53 кг). Таа во четврток се бори со Ванеса Калаџинскаја од Белорусија која настапува како неутрална борачка.

Рјабоволова ќе ја води нашиот олмписки медалист Могамед Ибрагимов. Тој и стручниот тим на Вардар 1961 очекуваат добар пласман на Вероника, а тоа подразбира и да се вмеша во борбата за медалите.

Од клубот истакнуваат дека таа е макслмално подготвена и ќе даде се од себе да освои медал за Македонија.

Калаџинскаја е освојувач на повеќе медали од големите натпреварувања.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON