Том Аспинал вели: Ниту Миочиќ ниту Џонс не можат да ме спречат, ќе бидам најдобриот тешкаш во историјата

Во ноември минатата година, англискиот борец Том Аспинал го победи Сергеј Павлович со нокаут во првата рунда и го освои привремениот појас во тешка категорија на УФЦ.

Аспинал се надеваше дека ќе добие шанса да го нападне тронот на дивизијата многу брзо и сакаше да го прескокне Стипе Миочиќ во редот за мечот против Џон Џонс.

Но шампионот Џонс поради повреда нема да се врати во октагонот барем до лето, па Англичанецот побара борба против Миочиќ.

Најголемиот тешкаш на сите времиња не сака да се бори со Том, но неговата единствена цел е меч со Боунс за титулата најдобар.

Аспинал извесен период беше многу активен на социјалните мрежи и често во своите објави бараше борба против Џонс или Миочиќ, но не успеа да добие позитивен одговор.

Тој се уште не го прифаќа фактот дека треба да чека ред, па неодамна изјави:

„Ќе се пензионирам како најдобар тешкаш во историјата. Никој не може да ме спречи. Ниту Џон Џонс, ниту Стипе Миочиќ, ниту Дана Вајт, ниту политиката на УФЦ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Fighting (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО