Роналдо со поддршка за Волкановски: Напред шампионе! (ФОТО)

Во сабота во Калифорнија, Алекс Волкановски има нова борба, на УФЦ настанот 298 ќе се сретне со Илија Топурија, еден од подржувачите на борецот со македонско потекло е и Кристијано Роналдо.

Волкановски ги заврши главните подготовки за мечот против Топурија, до крајот на борбата остануваат уште последните финеси за комплетно да биде подготвен.

Под еден од последните постови на инстаграм на Волкановски, прокоментира и Кристијано Роналдо.

„Напред шампионе“, му искоментира Роналдо на Волкановски, ставајќи јасно дознаење за кој ќе навива во сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО