Рико Верховен ги продава на аукција специјалните боксерски ракавици со кои тренирал за Гранд прито во тешка категорија на Глори. Верховен ги продава за да собере пари за Нордин Ел Отмани. Поранешниот светски шампион во кик бокс боледува од сериозен тумор на мозокот и итно му треба скапо лекување во Америка.
Аукцијата, која започна денеска и ќе трае до 9 јуни, им нуди на фановите единствена можност да ги добијат овие ракавици потпишани од двајцата борци. Со купувањето на ракавиците, вие го поддржувате Ел Отмани во неговата борба против ракот. Верховен, кој има длабока врска со Ел Отмани и неговата визија за спортот на кик боксот, ја истакна важноста на аукцијата.
„Го поддржувам поранешниот шампион во кик бокс и почитуван тренер Нордин Ел Отмани, кој за жал се бори со тумор на мозокот во четврта фаза. Нордин, татко на шест деца, сега се соочува со својата најтешка битка досега.
Итно му е потребна поддршка за редок третман во САД. Лицето или организацијата што ќе донира најголема сума од денеска, 25 мај до 9 јуни, ќе го добие овој единствен пар ракавици“, напиша Верховен.
Во моментот на пишување, веќе се направени речиси осум илјади донации, во вкупна вредност од над 191.000 евра. Крајната цел е 750.000 евра.
View this post on Instagram