Вердум стана амбасадор на боречката организација на претседателот на Чеченија (ФОТО)

werdum kadyrov vecera

Шампионот на УФЦ во тешка категорија,Фабрицио Вердум, официјално стана амбасадор Ахмат боречки клуб, боречката организација и клубот со кој раководи контроверзниот претседател на Чеченија, Рамзан Кадиров.

Кадиров е познат како голем фан на боречки вештини, а неодамна беше домаќин на големиот настан Ахмат кој го предводеше неговиот голем пријател Бадр Хари. Тогаш Ахмат направи спектакуларна продукција и Кадиров потврди дека не е проблем да се вложат огромни суми на пари, за да се направи одличен боречки спектакл.

Ова не е прв пат Вердум да го посети, туку и пролетта беше таму, Крис Вјадман и Френк Мир, кога се направија некои интересни фотографии. Но, овој пат, Вердум беше сам, во друштво на Кадиров го гледаше УФЦ 192, а на крајот стана официјален амбасадор на организацијата. Така е договорена соработката со Ахмат боречкиот клуб и Кингс ММА, каде што некои чеченски борци доаѓаат да тренираат кај големиот Рафаел Кордеиро.

Verdum kadirov 2

Пролетната посета направи голема помпа на социјалните мрежи и форуми, а сега се повтори и стото. Фановите го напаќаат Вердум поради дружењето со Кадиров, кој има поголема мрачна историја, а му се припишуваат многубројни убиства и ликвидации, па дури и акти на тероризам и начини на кршење на човековите права. Меѓу другото, го легализираше правото на убиство за бранење на честа.

Сепак, факт е дека Кадиров го подигна квалитетот на животот во Чеченија, од 2007 година, кога тој дојде на претседателската функција, по неговите договори со Владимир Путин, дојде до нормализација на ситуацијата со Москва и намалување на нередите и акти на тероризам. Веројатно, ова страна од приказната му е позната на Вердум и на некои други борци, кои без проблеми се дружат со чеченскиот претседател.

Verdum kadiro 3Verdum kadirov 4Verdum kadirov 4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО