Вердум потпиша за ПФЛ откако Белатор не гарантираше реванш со Федор

Поранешниот УФЦ шампион, Фабрицио Вердум е најголемото „засилување“ за Профешнл фајт лиг (ПФЛ). Бразилски тешкаш во ПФЛ ќе се бори за награда од милион долари во 2021 година.

Ова дојде откако пропаднаа преговорите со Белатор и евентуалниот реванш со Федор Емилијаненко.

Да потсетиме, Вердум во 2015 година го совлада Каин Веласкез за да ја освои УФЦ титулата во тешка категорија, а ја прекина и 10-годишната победничка низа на Федор на „Страјкфорс“ во 2010 година.

Сметан за еден од најдобрите ММА фајтери во тешката категорија во историјата, „Ваи Кавало“ потврди дека ќе бара нов предизвик откако го победи Александер Густафсон во Абу Даби во јули.

„Денеска, Професионалната лига на фајтери (ПФЛ) може да се пофали со потписот на Фабрисио Вердум еден од најдобрите во историјата. Вердум е Том Брејди во ММА“, вели шефот на ПФЛ, Питер Мареј.

Русинот Али Исаев е актуелен шампион во тешка категорија во ПФЛ, а други ривали за титулата се и Денис Голцов, Џастин Вилис и братот на Мохамед Усман, братот на УФЦ шампионот во велтер категорија, Мохамед Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО