Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца и Аркан, кој има само неколку профи мечеви во бокс, на својата сопруга и ветил дека ќе го нокаутира непоразениот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов.
Хабиб има скор 27-0 во ММА, а по убедливата победа над Конор Мек Грегор неговата слава дополнително се зголеми.
„Тој се замислува дека е некој борец! Ќе го посрамотам! Ќе докажам дека сум најдобар. За кратко време постигнав многу добри резултати и се надевам на борба со него за некоја година“, изјави Вељко Ражнатовиќ.