На Меѓународниот турнир „Видовдан опен 2015“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, македонските репрезентативци во џиу џицу освоија по два златни и бронзени медали.
Златни медали освоија Виктор Велинов (-77 кг) во сениорска конкуренција и Александар Трајковски (-62 кг) во јуниорска. Кадетот Никола Бошковски (-66 кг) го освои бронзениот медал, како и Александар Илиевски (+66 кг) во конкуренцијата за надежи.
На турнирот учествуваа 19 клубови од пет држави со околу 150 борци.
ipon.mk/В.Д.