Мартин Несторовски го освои вториот бронзен медал за Македонија!

Screenshot 2015-06-14 16.15.23

Мартин Несторовски го освои вториот бронзен медал за Македонија на Европските игри во Баку откако во борбата за третото место во категорија над 84 килограми го совлада Слободан Битевиќ од Србија со 5-3. Тој ја одбрани бронзата од Европското првенство во Турција.

Screenshot 2015-06-14 16.38.59

Каратистот на КК Металург ја започна многу сигурно борбата и првите поени, вусшност, беа двојни, однонсо и за двајцата на иста акција беа доделани поени и тоа 1-1 и 2-2, но по судиско прегелдување на снимките му беа доделени поените на Несторовски. Потоа нашиот каратист поведе со 3-2 и на 1:02 до крајот, пак, беа доделени поени на двајцата во иста акција, а на 45 секунди до крајот Марти поведе со 5-3. На четири секуди пред карјот, поради казни Битевиќ, Несторовски беше прогласен за победник, односно беше дисквалификуван и му беше доделена службена победа од 8-0 на нашиот репрезентативец. До медалот дојде со победата над европскиот првак, кој во фибналето на ЕП во Турција го совлада Енес Еркан од Турција.

Еркан беше подобар во финланата борба против Хорне.

Screenshot 2015-06-14 16.12.39

Несторовски во полуфиналето не успеа да се избори за финале на Европксите игри против Германецот Јонатан Хорне, од кој беше поразен со 5-0.

Во борбите по групи Несторовски во првата борба со Гркот Маргаритопулос ремизираше 0-0, додека во втората го совлада домашниот каратист Шахин Атамов со 5-3, а во мечот со двократниот светски првак Енес Еркан од Турција, забележа пораз од 3-0, што беше доволно за второто место во групата и пласман во полуфиналето.

Screenshot 2015-06-14 16.15.32

Несторовски беше немоќен против повисокиот и потешкиот Германец, кој по само 14 секунди го освои првиот поен. Потоа од контранапади освои уште два, а во последните секунди зададе уште два удари за конечните 5-0.
Во второто полуфинале Србинот Слободан Битевиќ загуби од Турчинот Енес Еркан со 1-2.

Screenshot 2015-06-14 16.39.51

Инаку Хорен со Германија беше светски вицешампион екипно на СП 2014 во Бремен, а од 2009 до 2012 владееше со европското карате во неговата категорија.

Вчера Емил Павлов ги освои бронзениот медал во категоријата до 60 килограми, што е прв медал за Македонија на игрите.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО