Бобан Савев е европски вицешампион во сумо, а екипата до 21 година трета!

Бобан Савев-десно
Бобан Савев-десно

Бобанм Савев (-85 кг) во сениорска конкуренција освои сребрен медал на Европското првенство во сумо борење во Штип,  а екипата до 21 година бронзен.

„Сметам дека бев оштетен во финалната борба. Добив неправилен удар, а судиите тоа не го санкционираа. Сепак и сребрениоот медал за мене е голем успех…“, Бобан Савев.
Инаку, Савев претходно победи двајца противници од Бугарија и Германија.
Во категоријата до 115 килограми, Јован Илиоски го освои 4 место.

Sumo ekipa do 21 godina bronza ep stip
Претходно во борбите за борачи до 21 година во екипна конкуренција машката екипа на Македонија го освои бронзениот медал. Од европскиот шмпион Бугарија, Македонија загуби со 2-1. Боите на Македонија ги бранеа Величковски, Ристов,Донев и Николов.
Се водеа доста интерсни борби во категоријата до 100 килограми. На крајот тројца борачи останаа да се борат за титулата. Сите се бореа меѓу себе, така што четири пати излегуваа на душекот. Во тој круг, најдобар беше Бугаринот Теодор Халачев, кој ги победи претставниците на Унгарија и Германија.

Sumo borba na EP seniori

Македонија на ЕП освои вкупно 7 медали – 3 златни, два сребрени и два брнзени медали.

 ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО