Величествен пречек на Оливеира во Бразил (ВИДЕО)

Откако го победи Мајкл Чендлер за испразнетата титула во лесна категорија на УФЦ, Чарлс Оливеира триумфално се врати во родната бразилска фавела, каде го помина поголемиот дел од својот возрасен живот и каде што беше изграден како борец.

Борецот редовно ги посетува своите сиромашни квартови во Гуаруја, каде им носи бесплатна храна на сиромашните семејства и купува сè со свои пари заработени во УФЦ.

Да потсетиме, борбата за титулата помеѓу Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер го предводеше УФЦ 262 турнирот во Хјустон минатиот викенд и заврши со победа на Бразилецот со нокаут во втората рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО