Тајсон Фјури утре се бори со Италијанецот Франческо Пијанета, како вовед пред најавеното соочување со светскиот ВБЦ шампион, Дионтеј Вајлдер.
А токму Вајлдер денеска се појави на официјалното мерење на Фјури и Пијанета во Белфаст и со своите провокации успеа да влезе во посериозен конфликт со таткото на британскиот боксер, Џон Фјури. И ова е дел од сценариото за популаризирање нанивниот судир. Обезбедувањето мораше да го смирува постариот Фјури, а Вајлдер подоцна имаше вербален дуел и со Тајсон Фјури и двајцата беа разделувани со обезбедување.
„Фјури ќе победи, а потоа јас ќе го средам. Џошуа е стара вест, Фјури е новото момче во градот, нашата борба ќе биде најголема“, истакна Вајлдер кој не успеа да договори соочување со Ентони Џошуа за спојување на титулата во трите верзии.
Затоа како утеха ќе му биде пресметката со Фјури која е најавена за 17 ноември во Лас Вегас.
Things got a little heated today between Deontay Wilder and @Tyson_Fury's dad 👀 pic.twitter.com/JPmQ1nwrCb
— ESPN UK (@ESPNUK) August 17, 2018
“I’LL KNOCK YOU OUT YOU DOSSER!” 🔥 🔥 🔥 @Tyson_Fury and @BronzeBomber separated by security in Belfast!pic.twitter.com/tHQWw9AAKA
— Frank Warren (@FrankWarren) August 17, 2018
.