Вејн Руни сака да дебитира во бокс против КСИ

Популарниот британски Јутјубер и рапер Олаџиде Олатунџи популарно познат како КСИ откри дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни сака да се бори со него според боксерските правила.

КСИ веќе се вклучи во боксерски борби за разлика од Руни.

Во август годинава учествуваше во два боксерски меча одеднаш во една вечер, победувајќи ги и двата. Олатунџи има скор од 3-0 во професионалниот бокс. Во средината на јануари 2023 година, КСИ се враќа да се бори со Дилан Денис во Лондон.

„Смешно! Се надевам дека не ти пречи да го кажам тоа. Но, еве што се случи.

Вејн Руни ме контактираше велејќи: „Мораме да боксираме“. Јас одбив. Навистина не го сакам тоа“, изјави КСИ за Токспорт.

Руни неодамна си размени суперлативи со Тајсон Фјури. Фјури подоцна изјави дека Руни ќе му помогне да се подготви за борбата со Украинецот Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON