Денеска во Битола во огранизација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија и Бофибилдинг клубот Паљо од Битола ќе се одржи „Купот на Македонија 2018“.
Натпреварот почнува во 19 часот во спортската сала „Младост“.
„Овој натпревар веќе 31 година преставува квалификации за настап и учество на Балканското првенство кое годинава ќе се одржи во Романија и Европското првенство во Шпанија. На Купот пријавијавени се 30 клубови од Македонија. Се очекува многу интересен натпревар вечерва. Предходно, денес во 12 часот, ќе се изврши мерењето и регистрацијата на учесниците, а потоа ќе има состанок на судиската комисија предводена од претседателот на федерацијата“, вели претседателот Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија Бобан Ѓороски.
Ipon.mk