На годишната конвенција на ВБЦ во Кина Флојд Мејведер ја доби признание за животно дело и беше назначен за почесен шампион.
Неговите титули во велтер и супер велтер категорија сега се празни.
Светскиот боксерски совет одлучи до новите шампиони да дојде на најинтересниот начин – преку организирање на турнир.
„Сакаме да го видиме идниот шампион како ќе помине преку серија на натпревари на телевизија, така што во моментот кога ќе го освои насловот веќе ќе биде познат“, рече претседателот ВБЦ, Маурицио Сулејман.
Најдобро рангирани боксери во супер велтер се Жермел Шарло и Џон Џексон.
Во велтер категорија конкуренцијата е возбудливо. Тоа се Амир Кан, Дени Гарсија, Шон Портер, Роберто Гереро и Брендон Риос.
Мејведер се пензионира по 12 септември, кога го победи Андреа Берт со едногласна одлука на судиите по 12 рунди.