Денот кога боксерската легенда во 45-та година освои три титули во иста вечер (ВИДЕО)

Foreman Moorer

На овој ден пред 21 година, Џорџ Форман, како 45-годишник ги освои ВБА, ИБФ и Линеал титулите на мечот против Мајкл Мурер. Таа вечер, публиката во Лас Вегас имаше можност уште еднаш да ги види боксерките шорцеви од епскиот „”Rumble in the Jungle“спектакл.

Дури 20 години по средбата со Мухамед Али, Форман ископа од некаде боксерски шорцеви што ги носеше таа вечер и ги нападна титулите што до тој момент ги држеше непоразениот Мајкл Мурер. „Биг Џорџ“ во оваа борба влезе како 45-годишник кој во последната борба е поразен од Томи Морисон, па Мурер, кој стана шампион со победата над Ивандер Холифилд, со причина беше фаворит.

„Двојниот М“, првиот шампион во тешка категорија кој боксираше со контрагард, сепак не ја оправда улогата на фаворит, а во десетататк рунда беше нокаутиран од легендарниот Форман. Во продолжение на овој текст може да се види како изгледаа најинтересните моменти од мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО