Се остварува сонот на Гого Славески- на 25 ноември е огненото крштевање во профи рингот!

Gogo Slaveski plakat

Македонскиот боксер Горјан-Гого Славески кој гради боксерска кариера во САД на 25 ноември во Чикаго ќе ја има првата професионална борба. Името на противникот се уште не е познато.

„Се уште немам инфорамации за него. Мечот е во организација на Боби хитз. Очекувам нокаут во првата рунда, но не испаѓа се по планираното, па може да биде и во втората.

Ќе се борам под македонска знаме. Иако сум оштетен од македонската политика вмешана во спортот, поддршката многу ми значи, зашто ќе го претставам мојот народ“, изјави Славески за Ipon.mk.,

Славески досега имаше неколку аматерски борби и ги доби, а понекогаш тренира и во боксерската сала на Флојд Мјеведер.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО