ВБЦ нареди борба Вајлдер-Бризил

По прекинот на преговорите меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, ВБЦ му нареди на својот шампион задолжителна одбрана титулата.

Вајлдер (40-0-1, 39 КО), како и што планираше откако не успеаја преговорите за реванш со Британецот, ќе се бори со Доминик Брезале (20-1, 18 КО).

Двете страни добија 30 дена за преговори. Ако не постигнат договор, на 4 април ќе се во Мексико Сити ќе се одржи поднесување понуди за организирање на борбата.

На Бризил ова ќе му биде втора борба за титулата светски шампион во тешка категорија. Во јуни 2016 година Ентони Џошуа го нокаутира во седмата рунда во мечот за ИБФ појасот.

На Вајлдер ова ќе му биде девета одбрана на титулата во тешка категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО