ВБЦ го одобри реваншот Фјури – Вајлдер

ВБЦ го одобри реванш-мечот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, чија борба минатиот викенд заврши нерешено.

И Фјури и Вајлдер во ијзавите по мечот истакнуваа дека се за реванш, а ВБЦ ги послуша нивните желби. Тимот на Фјури сака реваншот да се одржи на „Вембли“ или „Олд Трафорд“.

Покрај тоа што нема никакви пречки освен локацијата, за која освен Англија, се споменува и Лас Вегас, најверојатно ќе видиме нов спектакл напролет.

Да потсетиме, минатиот викенд дуелот меѓу двајцата борци заврши нерешено по судиската одлука, откако Фјури двапати ќе беше нокаутиран за време на пресметката.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО