ВБО: Борбата Џошуа-Усик мора да се одржи во идните 180 дена

Ентони Џошуа (23-1, 21 КО) нема да има многу време да го прославување на повторното освојување на светската титула во тешка категорија.

Не долго откако го победи Руиз со одлука на судиите по 12 рунди и си ги врати појасите на ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО изгубени во јуни се огласи претседателот на Светската боксерска организација (ВБО) и го повика Џошуа да ја исполни својата обврска кон задолжителниот предизвикувач.

„Пресметката на дините“ заврши, пресметката со задолжителниот предизвикувач ќе биде следиот“, објави Пако Валсарсел.

ВБО објави дека борбата меѓу ЕЏ и задолжителниот предизвикувач Александр Усик

(17-0, 13 КО) мора да се одржи во наредните 180 дена или до 4 јуни 2020 година.

И двајцата олимписки победници имаат ист промотор за Мечрум бокс.

Откако како неоспорен шампион во леснотешка категорија реши да се крене во тешка категорија, ВБО Украинецот го постави задолжителен предизвикувач.

Усик во дебито во тешка категорија во октомври во Чикаго со прекин по седмата рунда го совлада Чаз Витерспун.

Џошуа би можел да се најде во ситуација да се откаже од еден појас затоа што ИБФ веќе објави дека ќе бара нивниот задолжителен предизвикувач Кубрат Пулев да биде следниот противник на Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО