ВБЦ прогласи светски шампион 6-годишно момче кое ја спаси сестра си од напад на куче

Минатата недела 6-годишно момче од Вајоминг го импресионира светот со неговотo извонредено херојство. Бриџер Вокер го ризикува својот живот фрлајќи се пред куче, кое се обидувало да ја нападне неговата 4-годишна сестра.

https://www.instagram.com/p/CCjDnLngOYO/?utm_source=ig_embed

Откако му застана на патот на кучето, малиот Бриџер искаснат на лицето и вратот. Сепак, тој успева да се ослободи и да избега заедно со својата сестра.

Момчето потоа е хоспитализирано и е оперирано од хирург. Бриџер добива околу 90 шевови на лицето.

https://www.instagram.com/p/CCrDE7rAR3q/?utm_source=ig_embed

Подвигот на 6-годишното момче доби сериозен одговор на социјалната мрежа, а неговата храброст беше високо пофалена од претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ/WBC) Маурицио Сулејман.

ВБЦ дури го именуваше Бриџер за „најзрел човек на планетата“ и му го додели појасот на светски шампион во бокс.

Момчето моментално се лекува дома. Пред неколку дена, Бриџер доби специјален поздрав од актерот Ирис Еванс, кој го играше Капетан Америка, како и подарок – оригинален штит на херојот на „Марвел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО