Тајсон пушеше џоинт при потпишувањето на договорот за мечот со Џонсон (ВИДЕО)

Долго време се чекаше на конечната одлука на легендарниот боксер Мајк Тајсон, дали повторно ќе се врати во рингот, а сега овие шпекулации добија и официјална потврда, особено откако пред неколку дена поранешниот боксер Рој Џонс Јуниор потврди дека добил понуда од „Железниот Мајк.“

Токму тој ќе биде противникот на поранешниот шампион во бокс во супертешка категорија, а веќе се финализирани и сите детали околу оваа борба.

Тајсон (54) веќе неколку месеци интензивно се подготвува за враќање во рингот, а сега сите дилеми се решени. Мајк првиот меч по повеќе од една деценија пауза одлучи да го има протви Рој Џонс, кој е три години помал од него и тоа веќе на 12. септември, јавија американските медиуми.

„Супермен“има американско – руско државјанство, досега во кариерата има одработено 75 борби, 66 ги доби од кои 47 со нокаут.

Ова ќе биде прва борба за Тајсон, откако пред 15 години во рингот беше поразен од Кевин Мекбрајд. Интересно е тоа што Мајк за време на потпишувањето на договорот за борбата во Лос Анџелес пушеше џоинт. Тој ја смета марихуаната за лековита билка и е сопственик на плантажа, бизнис кој си го тера веќе подолго време.

https://www.instagram.com/p/CC_glxulYcm/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО