Васо Бакочевиќ со прекин за 30 секунди го совлада Давор Матиќ

Васо Бакочевиќ по неколку меча во бокс без ракавици и „фрик фајт“ се врати на слободните борби.

На настанот СБЦ 47 што се одржа во Сомбор, црногорскиот ММА борец со прекин во првата рунда го победи Давор Матиќ од Бања Лука, што беше негов 14-ти пораз во низа.

Психо со победа се врати во ММА по минатогодишниот пораз во септември од Макс Денер Виеира.

Во објава на Инстаграм тој напиша:

„Победа со технички нокаут по околу 30 секунди од борбата. Благодарение на СБЦ и благодарност до противникот кој долета како замена неколку дена пред настанот…

Не знам зошто некои луѓе ми се лутат што одам да земам неколку „сома“, да запишам победа и да се забавувам без да се потам.

И вие би кога би можеле, но подобро да го навиете часовникот наутро за на работа и пуштетеме мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО