Васо Бакочевиќ потврди шест борби за само четири месеци

Контроверзниот, но и многу популарен, црногорски ММА борец, Васо Бакочевиќ – Психопат има намера во 2018 година да биде многу активен. Така денес објави дека договорил шест борби, кои ќе се одржат во само четири месеци.

Неверојатна активност во ММА борбите, без прашања кој стои од другата страна, а најдобар доказ за тоа се дуриа шестте договорени борби, со тоа што Васо додава дека тоа се ‘уште не е сè во овој период.

„Ниту за еден противник нема посебно да се спремам, бидејќи се борам секој втор викенд. Ќе се борам во лесна (70 кг), велтер (77 кг) и средна (84 кг) категорија, за мене сите се исти, доаѓам да се борам и не ме интересира кој стои на другата страна на рингот, сите ќе ве убијам“, напиша Васо на својата Инстаграм страница, а на Фејсбук веднаш додаде и кои се настапите.

https://www.facebook.com/vaso.bakocevic/posts/1526599897395693

Васо додаде дека денес тргнува на подготовки за првата борба, а веднаш по неа му следи настапот во Дубровник, на Ноќта на гладијаторите. Таму наверојатно противник ќе му биде талентираниот локален борец, Карло Цапут. Ќе видиме дали Васо ќе успее да ја задржи здравствена состојба таква за да може да настапи на сите договорени борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО