Стипе Миочиќ: УФЦ го сака мојот пораз (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ на 20 јануари во Бостон има шанса да го собори рекордот по бројот на одбрани на титулата во тешка категорија на УФЦ.

Американскиот Хрват на УФЦ 220 против Френсис Нгану по трети пат ќе го брани појасот. И покрај тоа што е на чекор до рекордот на тешка категорија, УФЦ во прмовирањето на настанот изразито го фаворизира Нгану.

Миочиќ гостуваше на „ММА час“ и на прашањето дали мисли дека УФЦ го псакува неговиот пораз, тој рече: „Очигледно, сигурно. Видете, се чувствувам малку девалвирано, но премногу нема да се занимавам со тоа“.

„Тој е поекспониран, веројатно. Тип на супер  јако удира. Прават голема работа од тоа. Знаеш, се борев со некои добри момци? Јас не се впуштам во навредување, јас само сакаам да се борам, тоа е она што го правам“.

Но, шампионот верува дека ваков развој на настаните му прави притисок на предизвикувачот.

„Искрено, мислам дека сега целиот притисок е врз него. Најдобрите со кои се бореше тој јас веќе ги нокаутирав пред две години“.

Миочиќ исто така јавно се пожали на договорот со УФЦ откако Алистер Оверем заработи повеќе од него како предизвикувач. Во меѓувреме,  повторно разговараше со УФЦ за договорот, но не сакаше да влегува во детали.

„Не размислувам многу за тоа. Се погрижија за тоа. Да, следното прашање“.

Што се однесува до Нгану, непознатото е каков ќе биде ако борбата одминува и како ќе се носи во шампионските рунди, ако дојде до нив.

„Го видов сабмишнот што го имаше против Ентони Хамилтон, кимура или што било. Тоа го видов, но всушност не видов никаков партер од него. Всушност и не гледав. Од него ја видов таа борба и борбата со Арловски“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО