Васо Бакочевиќ наскоро би требало да го видиме едно малку поинакво изадние. Црногорскиот ММА борец во моментов е во преговори за „гол зглоб“ бокс меч, односно борба без ракавици.
Станува збор за британската организација UBBAD во чии борби боксерите не носат ракавици, но бандажирањето е задолжително. Настанот ќе се одржи 24 септември во Ковентри, Англија.
Веста ја пренесе Бакочевиќ преку неговиот Фејсбук профил.
Ова е нешто што отсекогаш сакаб да го пробам…“, пишува Бакочевиќ.
Иако е се договорено, Бакочевиќ допрва треба да потпише договор за мечот да стане официјален, а деталите како името на противникот со кого ќе се соочи засега не се познати.
Инаку, за европската титула „гол зглоб“ во тешка категорија минатиот месец се бореа четирикратниот хрватскиот шампион во бокс Игор Билиќ – „Балканскиот ѕвер“ со Мајкл Фери, а победата му припадна на Фери.
https://youtu.be/mjBJ4G7qxYU