Дејан Стефаноски на 17 септември ќе се бори со Живко Стоименов во Софија

Dejan Stefanoski so zname

ММА борецот Дејан Стефаноски најавува нова борба на 17 септември против Бугаринот Живко Стоименов во Софија.

Стефаноски најавува дека ќе се подготвува во Кобра тим од Карслуе, Германија, и во неговиот клуб во Будо во Велес.

Во герамнскиот клуб тренираат познатите балкански борци Васо Бакочевиќ, Александар Илиќ и Немања Увериќ, а тренер е Брацо Тасиќ.

Дејан, кој ќе се бори во категоријата до 77 килограми, не уверува дека овој пат сигурно ќе настапи и дека претходните одложени борби не биле по негова вина.

„Не бев виновен, така испадна: Ветувам дека во овој меч ќе победам“, вели Стефаноски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО