Боксерскиот клуб Универзалци за прв пат во својата историја стана екипен првак на Македонија во Првата боксерска лига, откако вечра заврши последното 6.коло во Скопје.
Првиот човек на клубот, тренерот Васко Цубалевски зборува за успехот на клубот и очекувањата од идните настапи на неговите боксери.
„Успесите на „Универзалци“ во последните неколку години, турнирите на кои бевме со безрезервната поддршка од Националната федерација, посебно од претседателот Примислав Димовски и потпретседателот Фатон Салиху, како и сериозниот пристап на стручниот штаб на клубот и сериозната работа со боксерите, се создаде тим кој ја освои Лигата во конкуренција од 14 клуба. Исто така и учеството на Светскиот куп на нации во 2018 година во конкуренција од 32 земји, каде боксерите на Универзалци Илхан и Ајхан Озмен се закитија со сребрен и бронзен медал докажавме дека може да се носиме и со најголемите светски бокс сили. На овој турнир во репрезентацијата беа и тренерот Насер Харуни и неговиот боксер Ардијан Аземи од БК Шкупи кој освои златен медал. Треба да се спомне и учеството на боксерите Илхан и Ајхан Озмен во Регионалната бокс лига под брендираното име БК „Вардар”, со кој Националната боксерска федерација се натпреварува во најелитната лига во регионот, а која на боксерите им дава можност да се соочат со сериозни боксери, како и скорот на Илхан Озмен од 4 победи и еден пораз оваа сезона во Регионалната лига. Не очекува и настап во Регионалната лига следниот викенд во Лозница- Република Србија.
Што зна титулата за Универзалци?
„Оваа титула за Универзалци значи потврда за сериозната работа и квалитетот за кој се залага стручниот штаб“.
Колкумина тренери работат во клубот со боксерите?
„Во клубот работат двајца тренери, јас (Васко Цубалевски), како главен тренер и Гаврил Огњановски, кој е спој на искуство и младост, со кого гарантираме уште успеси, не само на македонската сцена, туку и пошироко“.
Што може да очекува македонската јавност од овие млади боксери, кои еден дел од нив се и репрезентативци на Македонија?
„Горд сум што овој клуб има доста млади боксери кои допрва треба да се покажат на боксерската сцена. Ги имаме браќата Илхан и Ајхан Озмен, кои се репрезентативци и најискусни во овој тим, а имаат само 19 години. Од моите боксери македонската сцена има што да очекува, допрва ќе се слушне за нив во светската јавност. Во тимот вежбаат и се натпреваруваат: Никола Кисковски, Филип Иваноски, Стефан Цингаровски, Адам Ал-Ниами, Харитон Николовски, Кристијан Трифуновски, Мартин Симоноски, Димитар Симоноски и Милан Митревски, од кои очекувам многу во иднина.
Во која насока ќе бидат вашите активности за одбрана на титулата, односно што следи во периодот пред вас?
„Универзалци продолжува со висок интензитет на тренинзи. Уште сега најавуваме напад на титулата за следната сезона, со што им кажуваме на нашите конкуренти да се подготват за сериозен бокс. Најавуваме и настап на повеќе меѓународни турнири, за кои тврдиме дека ќе донесеме многу медали за нашиот клуб и нашата држава.