Васили Шестаков е реизбран за претседател на Меѓународната смабо федерација

Васили Шестаков е реизбран на функцијата претседател на Меѓународната федерација за самбо (ФИАС).

Делегатите на Конгресот на ФИАС изгласаа продолжување на мандатот на сегашниот претседател Васили Шестаков до ноември 2025 година. За повторниот избор беше одлучено едногласно.

„Шестаков ќе остане претседател до ноември 2025 година“, рече генералниот секретар на ФИАС, Роберто Ферарис за време на Конгресот, што се одржа во српскиот град Нови Сад на 5 ноември.

Предлогот за продолжување на мандатот на 67-годишниот Шестаков е на шефот на Европската и Серуската самбо федерација, Сергеј Елисеев.

Шестаков е на чело на ФИАС од 2009 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО