Васил Тупурковски е реизбран за претседател на МОК

cile-nov-prtet

Д-р Васил Тупурковски е ново-стариот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Досегашниот прв човек речиси доби акламативна поддршка од страна на делегатите на изборното Собрание на МОК.

Имаше само еден глас воздржан. Тупурковски доби нов четиригодишен мандат на претседателската функција. По негов предлог нови потпретседатели на МОК се Благоја Георгиевски-Буштур и Јордан Камчев.

„Во новиот мандат мој приоритет ќе биде да изградиме зграда на МОК, со срдства одобрени веќе од Интернационалниот олимписки комитет. Тоа е причината што се одлучив за уште еден мандат, иако претходно размислував за повлекување. Ви благодарам на сите за поддршката затоа што МОК е мојот живот за кој ќе продолжам да се борам и понатаму“ – рече Тупуровски по реизборот.

Македонскиот спорт, пак, ги живее најтешките денови во независноста. Македонија на последните Олимписки игри немаше ниту еден спортист со исполнета норма, а веќе долги години премногу сме далеку од можноста за освојување медал. Единствен наш освојувач на медал од ЛОИ е борачот Могамед Ибрагимов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО