Васил Ломаченко во мај боксира против Џорџ Камбосос Јуниор за титулата шампион на ИБФ

Непоразениот американски боксер Девин Хејни до неодамна беше апсолутен шампион во лесна категорија, а неговата последна одбрана на титулата беше во мај минатата година кога со едногласна одлука на судиите го совлада Васил Ломаченко.

После тоа реши да оди во повисоката дивизија, каде во декември го победи Реџис Програис и го освои шампионскиот појас на ВБЦ во суперлесна категорија.

Со заминувањето на Хејни организациите бараат нови шампиони, па Шакур Стивенсон стана шампион на ВБЦ, а Џервонта Дејвис го доби вистинскиот појас на ВБА во лесна категорија по титулата на ВБА ‘Регулар’.

И другите федерации бараат нов шампион. Така, ИБФ потврди дека мечот за титулата во лесна категорија меѓу Васил Ломаченко (17-3) и Џорџ Камбосос Јуниор (21-2) ќе се одржи на 12 мај.

И двајцата се поранешни носители на светската титула во лесна категорија.

Камбосос боксираше двапати против Хејни и загуби, тоа беше во текот на 2022 година.

А по тие два меча Хејни лани го победи Ломаченко, што воедно беше и негова последна борба. Камбосос лани беше подобар од Макси Хјуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО