Васил Ломаченко во октомври се враќа во рингот

Украинскиот боксер Васил Ломаченко (34) веднаш по руската воена агресија се вклучи во одбраната на татковината, ги прекина подготовките во Грција и се врати дома.

По неколку месеци активно учество во воената служба Лома реши да се врати во рингот.

Неговото враќање се очекува во октомври, но се уште не се знае кој би можел да му биде противник.

Малку е веројатно дека тоа би можело да биде Девин Хени или Џорџ Камбосос Јуниор, бидејќи тие двајца треба да имаат реванш.

Имено, Хени пред еден месец го совлада Камбосос, кој веднаш ја активираше клаузулата за реванш.

Ломаченко е поранешен светски шампион во три категории, а титулите на ВБА и ВБО ги загуби во октомври 2020 година против Теофимо Лопез.

Во текот на професионалната кариера Васил Ломаченко оствари 16 победи (11 нокаути), а има и два порази.

Последните две борби му беа лани, првин со прекин во деветата рунда го победи Јапонецот Масајоши Накатани, а потоа со судиска одлука го совлада Ричард Коми од Гана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON