Васил Ломаченко има желба да боксира против Флојд Мејведер

Васил Ломаченко во неодамнешното интервју потврди дека има голема желба да боксува против Флојд Мејведер.

На крајот на октомври минатата година, по пауза од повеќе од десет месеци, украинскиот боксер се врати во рингот и со едногласна одлука на судиите го совлада Јамаин Ортиз (16-1-1).

Во текот на разговорот Лома мораше да избере еден борец со кој би сакал да боксира, а изборот падна на Мејведер.

„Секако дека би сакал да се борам со некој кој е непоразен. Кој има добра историја и големо име“, рече Васил Ломаченко и додаде:

„Мислам дека најинтересниот противник за мене би бил – Флојд Мејведер“.

Но, Украинецот барем засега ја исклучува таа борба, бидејќи не сака да се бори во категорија над 65,5 килограми.

Во продолжение на интервјуто Ломаченко учествуваше во играта на асоцијации, а еве ги неговите одговори:

Александар Усик – најдобар пријател,

Џервонта Тенк Дејвис – моќ,

Флојд Мејведер – боксерски коефициент на интелигенција,

Боб Арум – најдобриот промотор.

Но, борбата Ломаченко против Мејведер сепак останува фантастична, но недостижна борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО