Вардар, поддржан од Пешко теч, ги награди борачите кои на Изборното првенство за јуниори освоија 7 медали – 3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.
Марко Андонов и Рубенс Модосјан кои освоија златни медали се наградени со по 100 евра, сребрените Љупче Митев и Стефан Митев добија по 50 евра, бронзениот Милан Трендов 30.
Бојана Лазаревска која освои златен медал во женска конкуренција е наградена со 50 евра, а Емилија Илијевска за среброто 30.